10 навики кој го оштетуваат мозокот и го уништуваат мозокот

Овие навики значајно го зголемуваат ризикот од развојот на болести како Алцхајмер и Паркинсовата болест.

Мозокот константно се троши како резултат на навиките кои често ги сметаме за безопасни и за жал многумина луѓе почнуваат да пазат кога веќе е доцна и овој орган е веќе болен.

Како вие се грижите за вашиот мозок? Веројатно веќе правите некои грешки кои можат да предизвикаат сериозна штета на здравјето и работата на вашиот мозок. Еве некои од најголемите грешки кои го оштетуваат вашиот мозок:

  • НЕ ПОЈАДУВАТЕ

Многу луѓе не појадуваат. Некои поради тоа што сакаат да ја намалат телесната тежина. Други брзаат да излезат од дома и едноставно немаат време за појадок. А има и од оние кои едноставно не сакаат да јадат наутро. Кога ова го правиме ја спречуваме испораката на хранливи материи во мозокот.

  • СЕ ПРЕЈАДУВАТЕ

Прејадувањето ги оштетува артериите на мозокот и срцето. Дали сте чуле за мозочен удар? Да, тоа постои и навистина е грозно, ова е една од причините.

  • ПУШЕЊЕ

Сите знаат дека пушењето е штетно. Секогаш кога палите цигара сетете се дека вие го зголемувате процентот за добивање на Алцхајмеровата или Паркинсовата болест.

  • КОНСУМИРАТЕ ПРЕМНОГУ ШЕЌЕР

Покрај шеќерната болест, шеќерот ја спречува апсорпцијата на протеини и хранливи материи и така се уништува и се деформира мозокот.

  • ДИШЕМЕ ЗАГАДЕН ВОЗДУХ

Знаеме дека на оваа вие не можете да влијаете, но важно е да ја знаете оваа информација. Големите градови обично се многу загадени, што доведува недостаток на кислород во мзокот.

  • НЕДОСТАТОК НА СОН

Многу луѓе имаат лоша навика да не спијат многу. Запомнете дека сонот е неопходен за мозочните ќелии да бидат одморени и да бидат неоптоварени.

  • СПИЕТЕ СО ПОКРИЕНА ГЛАВА

Можеби звучи чудно, но не необично, многу луѓе сакаат да спијат со покриена глава. Проблемот со ова е тоа што оваа навика го намалува снабдувањето на мозокот со кислород што доведува до негово оштетување.

  • РАБОТИТЕ КОГА СТЕ БОЛНИ

Ова е многу опасна навика. Доколку работите кога имунитетот ви е намален, мозокот доживува голем товар. Неопходно е да дозволите на целото тело да се одмори, вклучувајќи го и мозокот за цело тело да заздрави.

  • НЕ РАЗМИСЛУВАТЕ

Размислувањето е главна задача на мозокот. Доколку поголем дел од вашето време го поминувате без никакви обврски, правите големо зло дело врз мозокот. Читајте, гледајте, решавајте проблеми, бидете креативни учите јазик.

  • НЕ ЗБОРУВАТЕ

Комуникацијата е најдобар начин да го стимулирате мозокот. Зборувајте со луѓето во текот на денот. Изолација од светот нема да ви помогне да доживеете нови искуства и мозокот може да атрофира.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *