Ќотекот се забранува со закон

Со најновите измени и дополнувања на Законот за семејство, во соседна Србија, се воведува забрана за физичко казнување и употреба на физичка сила при воспитување на детето.

Во соседна Србија ќе се воведе закон со кој се вели дека смислата на воведување на овие забрани не е казнувањето на родителите, туку едукацијата на родителите за ненасилни методи при воспитувањето.

„На родителите ќе им биде понудена едукација за ненасилни методи при воспитувањето и тоа во рамките на советувалиштата за брак и семејство, развојните советувалишта, училиштата за родители… Ние свесни сме дека резултатите нема да ги видиме за година дена, бидејќи менувањето на став и однесувањето е процес кому е потребно време„ вели Драган Вулевиќ, посебен советник на министерот за труд и социјална политика на Република Србија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *