Што треба да направите до пладне за денот да ви е убав

Како ќе ви започне утрото. Таков ден и ве очекува.

Што треба да направите до пладне до 12 часот, за поубаво расположение:

Наместете го креветот

Звучи безначајно, но вршењето на едноставни задачи како што е местење на креветот  на пример, е одличен начин да се започне денот.

Прво, тоа е едноставна работа и ќе ја завршите успешно сигурно, и второ, животот изгледа малку подобро кога ќе ја средиш собата. Па зошто би се лишиле од овој мал позитивен поттик кога ви требаат вкупно две минути за да го наместите креветот наутро?

Размрдајте се малку

Не мора сериозно да вежбате. Но малку да се растегнете, чучнувањето додека ги миете забите е исто така корисно. Две минути вежбање е сепак подобро од „нула минута вежбање“.

Доколку и тоа ве мрзи застанете на една нога додека ги миете забите па подоцна сменете ја ногата.

Истуширајте се

Ќе се почувствувате повеќе расположени доколку денот го започнете со туширање. Малку поладна вода да се разбудете и да ја „наполнете“ енергијата за добар почеток.

Напите се вода

Немојте да чекате да се почувствувате жедни. Почнете да пиете помалку вода од рано наутро. Тоа е добар и едноставен начин да направите нешто добро за своето здравје.

Појадувајте

Дури и да не сакате да појадувате штом се разбудите, до пладне би требало нешто да јадете. Не е здраво првиот оброк во текот на денот да биде ручекот.

Слушајте музика

Слушајте музика додека се подготвувате за работа или пак на пат кон работното место.

Комуницирајте со другите

Нема поубав начин да го почнете денот од тоа да се чуете со некоја личност која ви е драга или испратете порака на таа личност, некој од вашето семејство или некој пријател.

Направете список на работите кои треба да ги направите во текот на денот

Таа листа не мора да е со детали, но доколку треба да одите до продавница, аптека или на хемиско, да ги платите сметките или нешто слично забележете го тоа.