Човекот ниту ментално ниту физички не е способен да работи повеќе од 4 часа дневно

Работното време треба да се ограничи на четири часа дневно, велат експертите.

Тие сметаат дека едноставно ниту ментално ниту пак физички сме способни да работиме подолго.

Тешко е било кој човек може да работи потполно концентриранповеќе од пет часа дневно, остатокот од работното време бара само дел од фокусот и се сведува на пополнување на времето.

Слободното време, така наречено „празно време“, всушност е исклучително битно и за нас и за развивање на нашата креативност.

Посебно важи за луѓето над 40 години

Неодамнешната студија откри и дека луѓето постари од 40 години работат најдобро кога работат само три дена во неделата!

Истражувачите заклучиле дека когнитивните својства на средовечните луѓе се подобрувала кога работеле само 25 часа неделно. Од друга страна, перформансите се намалиле кога во неделата поминале повеќе од 25 часа работа, поради влијание на умор и стрес.

Оваа студија објавена во „Melbourne Institute Worker Paper“, вклучува низа од когнитивни тестови. Вклучувало 3000 Австралијци, мажи  и 3500 Австралијци, жени чии работни навики се анализирани. Тестирана е способноста на учесниците во студијата, гласно да прочитаат зборови и рецитираат попис од броеви. Се мерила нивната способност за памтење, способноста за размислување кое вклучувало и површно размислување, апстрактно размислување и меморија.

Заклучено е дека учесниците во студијата кои работат 25 часа неделно, најдобро се покажале додека резултатите на оние кој работата 55 часа биле полоши дури и од невработените учесници.

Со студијата се покажало дека разликите во работното време се битни за одржување на функционалните когнитивни функции кај средовечните и старите лица. Тоа значи дека за луѓето во средното доба и во старото доба треба да биде различно.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *