Хроно исхрана : Кои слатки се дозволени

Прво и основно правило на хроно исхраната: се што содржи шеќери (вклучувајќи и овошје) не смеете да ги јадете претпладне и навечер. Како помеѓу ручекот и вечерата имате предвидена ужина, можете тој оброк да го наменете на хроно слатките.

Морате стриктно да се држите до терминот на ужина и не смеете да грицкате апсолутно ништо помеѓу оброкот.

Што се однесува на хроно слатките кои се дозволени во рамките на хроно исхраната, треба да се каже дека би било добро да го избегнувате белиот шеќер, иако не е стриктно забранет ( освен во периодот на рестрикција). Хроно слатките би требало да бидат сепак ,колку толку, поздрава варијанта на деликатес, посебно ако сакате да каснете некое колаче повеќе.

Најдобар избор за попладневно слатко е црното чоколадо и тоа пожелно тоа да содржи  повеќе од 70% какао. Тогаш кога чоколадото ќе ви здодее ( доколку тоа се случи), можете да изедете некакво суво овошје, како што се сувото грозје, сувата брусница, смоква, кајсија или слива, кое сите по ред се одлична замена. Ако сакате маслинки или авокадо и тие можат да ви бидат многу фина ужина, како и оревите, лешниците, кикириките и слично овошје.

Конкретно, важно е слатките кои ги внесувате во вашето тело имаат гликемиски индекс односно да не се подига пребрзо нивото на шеќерот во крвта. Затоа е подобро да се избере кафеав шеќер или пак природни засладувачи како што се медот во редовната хроно исхрана.

Доколку навистина морате да изедете нешто слатко, потрудете се да тоа биде во растојание од 4-6 часа од претходниот до следниот оброк.

Што се однесува до домашните слатки кои можете да си ги припремите дома, генерално би требало да ги избегнувате следниве состојки:

  • Бел шеќер;
  • Бело брашно;
  • Кравјо млеко;
  • Јогурт;
  • Сирење;
  • Маргарин;
  • Ориз;
  • Овошје и зеленчук со премногу скроб.

Треба да се напомене, иако не спаѓаат во слатки, газираните пијалоци се сметаат за десерт бидејќи содржат премногу шеќер, па идеално би било во целост да се исфрли од употреба.

Во период помеѓу 4-6 часот попладне вашиот инсулински врв најдобро ќе биде задоволен со суво овошје, црно чоколадо или некој џем, мед или јаворов сируп како и отприлика 2 чаши свеж цеден овошен сок. Избирајте ги поздравите варијанти и ќе видите дека хроно диетата ќе има подобар ефект и на вашата линија и на вашето здравје.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *