Со бебе на плажа ? Да, Не, Кога?

Сте одлучиле да тргнете на летување со своето бебе?

Одмор и заминување на море, летување и бањање, сончање и лежење на плажа …

Дали ова се треба да го правите со вашето бебе и како?

Кога можете вашето бебе да го водите на пат?

Иако бебето е спремно за на пат по самото раѓање на возраст од 3 до 4 денови, летувањето со толку мало бебе може да биде голем проблем бидејќи тешко е да се обезбедат сите услови кои ги имаме дома да ги имаме на летувањето. Лет со авион не се препорачува до 3 месеци старост, бидејќи имунитетот на бебето не зрело за да се сретне со микробите од опкружувањето ( филтрите на вентилационите системи, но и од самите луѓе во авионот).

Сончање

Дали бебето смее да престојува на сонце?

Први и најбитно е избегнување на директно излагање на сонце. Немојте да дозволите облаците да ве залажат. Низ нив сончевите зраци исто така поминуваат. Ниту во сенка вашето бебе не е заштитено, бидејќи сончевите зраци се рефлектираат од песокот, водата и бетонот.

Бидејќи кожата на бебето многу е потенка од кожата на возрасните, намалена и е заштитната функција, односно функцијата на лојните жлезди, заштитата од студ и механичка отпорност, а зголемена е пропустливоста. Значи многу е битно да се посвети внимание на негата и заштитата на детската кожа, посебно кога заминувате на море.

Што сонцето прави на нашата кожа, а не се гледа со голо око

Бањање

Дали на вашето бебе, ладна и е водата?

Телесната топлина кај новороденчињата не може да се регулира првите шест до дванаесет месеци, така да со вашето дете не може да се капете во било која вода. Ако вам ви е водата ладна и на бебето е секако ладна.

Колку бебето може да остане во вода?

Битно е да се пратат реакциите на детето. Ако бебето почне да се тресе и усните и поплавуваат, крајно време е тоа да излезе од водата и да го замотате со пешкир за да се загрее. Бебињата уживаат во капењето во море, но тоа не треба да биде повеќе од десет минути.

Дали е потребно да се измие бебето по капењето?

По капењето, треба да се тргне морската сол од кожата со чиста вода, а пожелно е и да се користи и шампон.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *