Слатките работи во хроно исхраната

Хроно диетата сама по себе е хит помеѓу нутриционистите. Мора да сте чуле веќе за тоа. Се работи за диета која не ви брои колку јадете, не ви забранува цела група на намирници, со еден збор не ве тера да гладувате.

Освен што е добра за здравјето, одлична е за линијата. А добрата страна е и дека дозволува да консумирате слатки работи.

Па дури и чоколадо.

Но само треба да знаете дека има временски период, кога е дозволено да јадете слатки.

Во рамките на хроно исхраната, слатките работи дозволени се да се јадат само попладне. Идеално време е помеѓу ручекот и хроно вечерата.

Зошто тоа е така? Рековме дека хроно исхраната не брои калории и не забранува јадење. Не ви ја одредува порцијата колкава ќе ви биде. Сепак тоа не значи дека треба да претерувате.

Бидејќи хроно појадокот е најобилен оброк во денот, кога на таа количина на храна додадете и нешто слатко, организмот би бил во шок.

Едноставно, кога богатиот појадок ќе го подигне нивото на шеќер во крвта, организмот кој се навикнал на хроно исхрана знае да се припреми за негово разградување. Сепак кога во целата приказна би влегле и хроно слатките, нивото на гликоза би скокнал до тоа ниво во организмот каде тој не би можел да ги обработи.

Со самото тоа, шеќерот се лепи на крвните садови, и се создаваат масни наслаги.

Затоа треба да не консумирате слатки работи во овој период од денот па макар тие биле оние хроно слатки.

Исто така многу е битно да се напомене дека доколку сакате да се почестите со некое слатко секој ден, не смеете никако да ги прескокнувате оброците. Организмот за да биде во состојба да се носи со хроно слатките тој мора да помине низ еден редовен процес на варење на претходните оброци како би го одржал нивото на енергија и би функционирал на правилен начин.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *