Се греете на дрва – не ја фрлајте пепелта!

Доколку се греете на дрва не ја фрлајте пепелта таа може многу да ви е од корист.

Земјоделците одлично знаат дека пепелта од дрвата може да биде многу корисна за земјата, често ја користат како ѓубриво на земјата бидејќи со неа се зголемува киселоста на земјата. Ова посебно важи за растенијата кои сакаат калциум како што се доматот, спанаќ, лукот но и оризот.

Доколку пепелта ја помешате со вода и ја оставите неколку дена да постои, а потоа ја процедите ќе добиете смеса за повеќе употреби. Таа е одлична за чистење на подовите, сребрените предмети во вашиот дом, дамките на мермерот. Со погуста ваква смеса можете да ги исчистите и дамките на вашиот мебел.

Поедини штетници во вашиот дом не поднесуваат пепел, па затоа можете да го употребите за да ги отстраните од вашиот дом. На пример мравките. Сипете пепел во мравјалникот  и тие одма че си заминат. Корисно е и да сипете и во ќошевите на вашиот подрум, на тој начин ќе ги истерате глувците, бубашвабите и други штетници.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *