Свинската маст е сепак здрава

Свинската маст години наназад е неправедно запоставувана, а нејзиниот углед се намалил со кажувањата дека лошо делува на човечкото здравје.

Но последните истражувања одат во прилог на маста. Дури се смета дека е здрава за човечкиот организам. Како и со се друго, така и со маста не треба да се претерува, но секако заслужува да биде дел од секое домаќинство.

Свинската маст пред се е природна, нерафинирана и во секој случај поздрава од индустриски произведените маснотии.

По својот состав,таа има 40% заситени маснотии, а во кокосовото масло има 85% заситени маснотии. Оваа споредба е направена од причина , колку не веруваме дека маста е здрава, а кокосот е здрав.

Повеќето заситени маснотии во свинската маст се составени од олеинска киселина, која е здрава масна киселина и која му користи на работата на срцето и која е поврзана со ниско ниво на холестерол во организмот. Во свинската маст има двапати повеќе олеинска киселина од путерот. Таа има висока точка на вриење и својата структура не ја менува при загревање над 250степени.Од таа причина, намирниците кои се пржат во свинска маст апсорбираат помалкуштетни радикали, отколку сите други кои ги користиме за пржење, во споредба со пржењето на путер или рафинирано сончогледово масло на пример.

Секако дека пржената храна не се препорачува во големи количини, но кога веќе тоа го правите, најдобра опција е маста, која на јадењето ќе му го даде и оној вкус кој го памтиме од готвењето на нашите баби. Таа е добра за јадење бидејќи и многу бргу го заситува организмот.

Докажано е дека природните маснотии му се потребни на човекот, за извршување на секојдневните активности.

Маснотиите содржат калории, но истражувањата потврдија дека станува збор за намирница која создава подолготрајна ситост.

Холестеролот кој го содржи свинската маст, под влијание на УВ зраците се претвора во витамин Д, значаен за апсорбција на калциумот За најдобра маст се смета она која е минимално обработена, од подрачјето на свинскиот стомак и бубрег или грбот.

Покрај ова поквалитетна свинска маст, маста се добива и со топење на салото што е земено од разни внатрешни органи на свињите.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *