Салеп напиток на зимата!

Салепот е брашно од кртолата на орхидеја од видовите Orchis mascula и Orchis militaris). Содржи хранливи материи, скроб полисахарид наречен глукоманан.

Брашното салеп се користи за пијалаци и десерти, посебно во земјите кои биле дел од Отоманското Царство.

Салепот се препорачува при надразнетост на грлото и на горните дишни патишта бидејќи надразнетата слузница ја обложува со тенок и го запира кашлањето.

Полезните својства на салепот:

  • Помага при кашлица и бронхитис;
  • Допринесува за подобра функција на мозокот;
  • Ги намалува болките при менструација;
  • Се користи при запек;
  • Ги убива глистите и паразитите.

Салепот е вкусен и здрав напиток совршен за есенските и зимски ноќи.

НAПРАВЕТЕ ГО НАЈУБАВ ДОМА:

СОСТОЈКИ:

4 шолји млеко;

1 шолја салеп;

1 лажица шеќер;

1 лажица цимет;

ПОДГОТОВКА:

  • Шеќерот и салепот во прав се мешаат, а потоа се додава студеното млеко. Смесата треба добро да се измати со миксер или рачно за да се растопат сите грутки од шеќерот и правот.
  • Потоа ставете ја смесата да зоврие. Откога ќе зоврие, намалете ја температурата на ринглата и продолжете да варите со постојано мешање сè додека не добиете густа смеса.

Сварениот салеп се сервира во шолји и потоа се наросува со цимет.

Она што е најважно е дека е здрав и помага против сезонските вируси и грипови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *