Родители внимание: Што повеќе се трудите да го усреќите вашето дете, тоа се помалку ви е благодарно!

Денес децата како да не знаат да ги ценат нештата кои нивните родители ги прават за нив и често се фрустрирани и апатични.

Се прашувате зошто тоа е така, можеби вистината е сурова, но сепак е вистина и чиста реалност. Сите денеска сме сведоци на тоа дека родителите се повеќе ги штедат своите деца и во многу работи се повластени, што порано не беше така.

Децата денес како да не знаат да го ценат она што нивните родители го прават за нив и често се фрустрирани  и апатични. Порано децата не се прашуваа што сакаат да прават, да јадат, викенд, одмор, детето на тој начин ги следеше родителите како тие сакаа да го едуцираат и насочат своето дете.

На денешните деца многу работи им се нудат и буквално се доаѓа до ситуацијата „ Ќе му дадеш еден прст тоа сака цела рака“. Децата најпрво треба да се научат да бидат благодарни, благодарни за тоа што нивните родители можат да им го пружат во зависност од нивните можности.

Можеби е време да престанете толку да се трудите да ги усреќите вашите деца со различни работи или со прашањата што тоа сакаат. Престанете да ги планирате настаните за нив. Немојте да се обидувате да ги научите да бидат благодарни бидејќи нема да успеете, сепак станува збор за мали деца. Пуштете ги со време нека се отпуштат без вашите анимации и желбата да ги усреќите.

Поврзете се со вашето дете, така што заедно ќе читате, заедно ќе го шетате кучето кое тоа го обожава, танцувате и слично.

Слушајте го своето дете и неговите приказни без коментари, блискоста и контактот со очите испраќа силна порака кон детето дека ви е многу битно.

Ова може да потрае некое време, но морате да бидете трпеливи додека не најдете заеднички јазик на комуникација во кој ќе бидете задоволни и вие и вашето дете.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *