Рецепт за природен квасец

Доколку применувате хроно исхрана и сте во период на рестрикција или не, во вашиот леб не смее да има квасец освен оној природниот.

Како да направите природен квасец, потребни состојки:

  • 50 гр. брашно и 25гр вода, помешајте ги и оставете ги овие две состојки;
  • По 48 часа од таа смеса одвоите 50 грама, ставете ја во 25 мл вода, додајте уште 50 грама брашно;
  • Постапката повторувајте ја во наредните 30 дена, чувајте ја смесата надвор од фрижидер, во тегла која е покриена со проѕирна фолија и малку продупчена;
  • Во просторија  каде ќе стои смесата, треба температурата да биде од 22 до 28 степени. Се под ова значи подолг процес;
  • Водата која ја користите мора да биде од шише  или од чешма но претходно да е одстоена неколку часови;
  • Кога смесата ќе дојде до моментот, да во рок од 2 до 3 часа се крене, дури и до 3 пати од почетното ниво, спремно е за користење. Можете да ја чувате во фрижидер. Освежете ја еднаш во 5 до 7 дена кога сакате нешто да направите. Освежувајте ја на следниот начин. Во однос 1 : 0,5 : 1 (квасец:вода:брашно). На пример, 100 грама квасец : 50 грама вода : 100 грама брашно.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *