Работи кои никогаш не треба да ги делите со други

Знаете ли дека има работи кои не треба да ги делите со други? Станува збор за работи кои доаѓаат во допир со осетливи места на на телото, па лесно може да се пренесат бактерии.

Сапун

И покрај верувањето дека сапунот сам се чисти и дезинфицира, научниците советуваат дека треба да биде само ваше средство за хигиена. Зошто? Бидејќи преку  сапунот може да се пренесат бактерии.

Шешир, капа,  кациги, четки и чешли за коса

Сè што ставате на глава никогаш со никого не го делите. Ова се однесува и на постелнината што ја користите, каде го допирате лицето и главата. Важно е дека овие предмети треба да бидат само ваши, поради тоа што е здраво и хигиенски.

Ролон

Можеби се спречува потење и лошиот мирис, но не содржат состојки кои може да ги убие потенцијалните бактерии. Поради тоа не треба да го позајмувате вашиот рол-он антиперспирант.  Не заборавајте дека кожата на тој дел од телото е многу чувствителна.

Прибор за нокти

Ноктарицата па и самите лакови за нокти никогаш не ги делите со вашите пријатели. На таквиот прибор  лесно се собираат бактерии, а инфекциите брзо се шират. Приборот за нокти мора да биде во категорија на ваши лични работи.

Шминка

Пудрата, коректорот, маскарата, сенките, руменилото, сјајот, моливите за очи и уста…ништо ама баш ништо од ова не смеете да делите со други, бидејќи сите тие производи се ставаат на лице, а кожата на лицето е исклучително осетлива па затоа никогаш и на никого не позајмувајте шминка.

Четка за заби

Дали некогаш сте рзмислувале да ја позајмите вашата четкичка за заби? Никогаш тоа не го правете.

Обетки, слушалки

Ушите се многу осетливи, а на обетките и слушалките лесно се собираат потенцијално опасни бактерии. Со обетките лесно може да се боцнете и да дојде до крварење, а бактериите потоа лесно се шират понатаму. Гледајте обетките и слушалките, посебно оние кои се ставаат во уво да ги чувате само за вас.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *