Проститутка открива се за секс индустријата

Гвинет Монтенегро од Австралија има 39 години и голем дел од нејзиниот живот го поминала работејќи како проститутка. Сега заминува во пензија и сака на светот да му ги открие сите тајни на оваа индустрија.

Монтенегро ја објавила книгата “ The Secret Taboo”, каде го опишува својот живот, со надеж дека ќе понуди мала поддршка на младите ескорт дами кои можеби се чувствуваат, обесхрабрено, огорчено, скршено или небезбедно.

Меѓутоа нејзината книга се најде на удар на критики бидејќи наводно „ ги учи младите жени како да бидат проститутки“.

Гвинет со ова не се сложува и смета дека нејзиниот „учебник“, може на жените да им помгне да бидат финансиски поуспешни.

„ Тоа што ги учам младите жени како да опстанат како ескорт дами е контраверзно. Во ред, не само да опстанат туку и секој совет или трик кој може да им помогне да заработат импресивни количини на пари во оваа индустрија, а потоа да излезат од неа“, вели таа.

Гвинет Монтенегро смета дека на различни мажи им се допаѓаат различни жени.

„Не морате да бидете најзгодна, но ако сте негувани, опуштени и самоуверени, зрачите со позитивна енергија и професионални сте, тоа е доволно за да бидете успешни“, смета таа.

Гвинет Монтенегро исто така тврди дека не е вистина дека мажите се заинтересирани само за млади жени  бидејќи од ескорт живеат жени од различни генерации и додава дека е мит дека мажите бараат само „настрани услуги“. Како таа што вели, многу клиенти само сакаат да се чувствуваат посакувано и со некого убаво да поразговараат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *