Природен лосион кој го чисти вашето лице од пеѓи и флеки

Рецептот се состои од две состојки и сигурно ги имате дома.

Станува збор за лимонот и магдоносот или пак јаболков оцет.

Листот од  магдонос е богат со витаминот Ц и минерали, а неговиот сок содржи етерични масла со висок процент на калиум и манган.

Лекарите на народна медицина го препорачуваат и како лек против грозница, болести на бубрезите, болести на мочните канали, дијабетесот, воспаление кај очите …

Тој одлично го отстранува црвенилото на кожата, иритациите и отоците, освежува и тонира.

Штити од појава на брчки.

Одличен е за нега на чувствителните подрачја околу очите.

Помага во елиминација на акни и митесери.

Можете сами, многу лесно да го спремите лосионот од магдонос и да го користите за секојдневна нега на лицето.

Лосионот се препорачува за масна и комбинирана кожа на лицето.

Состојки:

2 лажици ситно сечкан магдонос;

1 лажица лимонов сок или јаболков оцет;

200 мл вода.

Припрема :

2 лажици од сечканиот магдонос, потопете го со 200 мл вода и сварете го на тивок оган 15 минути.

Тргнете го од шпорет и оладете го напитокот.

Потоа процедете и додадете 1 мала лажичка сок од лимон.

Префрлете го сето тоа  во стаклен сад.

Чувајте го сето тоа во ладилник 5-6 дена.

Така подготвениот  домашен лосион користете го наутро и навечер.

Овој домашен лосион одлично ја белее кожата од лицето.

По секојдневна употреба, по неколку месеци, пеѓите и флеките од лицето целосно ќе исчезнат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *