Премногу сол е опасно за здравјето, но сепак ни е неопходна

Кога ќе се разболиме лесно ги прифаќаме сите забрани, но кога сме здрави не размислуваме за тоа како се храниме.

Светската здравствена организација препорачува внесување на 7,5 до 10,5 грама сол, дневно.

Се над тоа на подолг период не води да преминеме во ризичната група.

„Јас советувам 6 грама сол дневно што е еднакво на околу 1,2 грама натриум. Доколку за појадок две фелки леб, веќе сте внеле 400 милиграми сол. Ние многу често несвесно внесуваме сол и тоа влијае на  оптовареноста на солите. Во Јапонија солта ја сметаат за еден од главните карциногени“, вели гастроентерологот  професорот доктор Војислав Першиќ, член на Кралскиот универзитет на лекари на Велика Британија.

Тој додаде дека треба да знаеме колку сол внесуваме во организмот. Ако внесувате многу сол, тогаш на организмот му треба многу течност.

“Многу сол, многу течности во организмот. Многу течности, многу крв. Многу крв, голем товар за крвните садови, бубрезите и тоа се условите за хипертензија. Не е ни чудо што секогаш постои малку диуретик кај хипертензивните лекови”, вели д-р Перишиќ.

Затоа се советува да ги погледнеме етикетите на храната што ја купуваме за да го зачуваме нашето здравје.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *