По кој тип на мажи, жените лудуваат

Совет за сите мажи, што треба да сменат  во својот изглед за да го поправат љубовниот живот.

Неодамна спроведеното истражување во кое учествувале 8.500 жени покажало дека мажите со брада жените ги сметаат за неодоливи.

Во текот на експериментот, психолозите на жените понудиле фотографии од мажи од кои некои имале брада, а некои биле свежо избричени и од дамите барале да го оценат нивниот „потенцијал за врска“.

Жените ги оценувале фотографиите со свежо избричените мажи, потоа оценувале фотографии со брада од „пет дена“, десет дена по бричењето и по четири недели без користење на брич или тример.

Се заклучило дека жените дефинитивно сакаат мажи кои имаат брада, но најпривлечна за нив е онаа од десет дена.

На второ место била „правата брада“, онаа која е негувана барем неколку недели, а на трето место „брадата од три дена“.

Психолозите сметаат дека е можно објаснувањето за вакви резултати, на прилично голем примерок , дека брадата традиционално се поврзува со зрелоста и доминацијата во друштвото.

Што значи ако немате среќа со девојките, пробајте да пуштите брада. Може и да ви се подобри љубовниот живот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *