Почнуваат постите, ако сте ваков тип на верник воопшто не постите

Колку често сте чуле дека некој пости за да ослабе? Очигледно,  „модерните верници“ заборавиле или паk никогаш не ни чуле дека зборот пост, се состои од воздржување од мрсна храна, но и од лоши мисли алчност и злобни дела, како и кажување на молитви, правење добри дела бидејќи освен телесен треба да го применувате и духовниот пост.

Многу од модерните верници си ги толкуваат работите како им одговара, па консумираат алкохол, цигари, се расправаат со родителите, пријателите, но се придржуваат до телесниот пост односно „постат со храна“, не јадат храна од животинско потекло и мислат дека тоа е доволно.

„Постот е владеење со себе. Не е во прашање само храната, туку за време на постот треба да внимаваат на своето однесување. Ако се пости само со храна, тогаш тоа не е ништо друго од обична диета, постот е дисциплина на телото и духот.

За христијаните душата е побитна од телото, а преку храната се пости за да се исчисти организмот полесно.

Доколку сакате да бидете христијанин треба да запомните дека за духовниот пост битно е покајанието, молитвата и чинење на добри дела, а за телесниот пост избегнувањето на месото, млекото и јајцата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *