Поради ова не би требало да користите крема за сончање со поминат рок

Пред да започнете да ја користите кремата за сончање која ја имате дома, задолжително проверете го рокот на траењето. Доколку е поминат, не само што нема да ве штити од UV  зраците, туку може прилично многу да ви штети на вашата кожа.

„Со време некои состојки од кремата за сончање се расипуваат и можат да предизвикаат алергиски реакции. Во кремите чиј рок е истечен може да се размножат бактерии кои предизвикуваат иритации на  кожата“, изјави дерматологот Џесика Ву за rafinery29.com.

Доколку на пакувањето не можете да го пронајдете датумот , рокот на траење, дерматологот ве советува да обрнете внимание на бојата и текстурата на кремата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *