Поаѓање на училиште. Како да го припремите детето, а и вие самите.

Поаѓањето на училиште е нормален тек на случувањата. Не треба премногу да го нагласувате, но не и да го занемарите овој настан. Запомнете од вашиот став зависи и ставот на вашето дете кон училиштето. Родителите треба да ја преземат улогата на водител низ овој процес, така учењето ќе биде задоволство, а не напор за детето.

Најголеми грижи на родителите

На почеток од школувањето може да се појави ноќно мокрење, бидејќи животот на тоа дете  постанува бурен. Ако тоа се случи не се расправајте на таа тема пред детето и за тоа предупредете ги и останатите домашни. Внимавајте поради тоа детето да не се чувствува несигурно. Не го одвикнувајте со сила од ноќното мокрење. Нека спие во чист кревет, а не во кревет припремен за мокрење.

Првите денови од поаѓањето на училиште детето може да почне да ви доаѓа во кревет, да сака да спие со вас. Животот на тоа мало дете станало поинакво, а тоа, тоа го чувствува и во сон. Затоа кај вас се чувствува сигурно. Не забранувајте му да спие со вас.

Детето не мора да знае да чита пред поаѓање на училиште. Тоа ќе го научи таму. Меѓутоа некои деца спонтано ќе започнат со процесите читање и пишување, пред тргнувањето на училиште, па доколку има интерес кај нив за тие процеси оставете ги.

Некои деца се плашат пред да тргнат на училиште и може да чувствуваат нервоза. Многу нови работи се случиле за нив. Дознајте од што се плаши. Разговарајте. И вие некогаш сте го имале тој страв.

Доколку детето има проблем со говорот потребно е да посетите логопед. Дури 20 – 40% од потешкотиите  со учењето и пишувањето се поврзано со проблемот со говорот кои може релативно лесно да се отстрани.

Најдобрата припрема за на училиште е играта

Игрите кои се наведени се одлична припрема за учење. Еве некои совети кои можат детето на забавен начин да го припремите за на училиште:

  • Во секојдневните состојби замолете го детето да ви додаде три бонбони, две чинии, четири портокали …
  • Дајте му задача да определи: големо – мало, напред – назад, горе – доле, што не припаѓа на одредена група и слично;
  • Нека ви помага при готвењето и печењето, а при тоа кажувајте ги мерките за должина и тежина;
  • Направете заедно календар од годишните времиња, детето нека ги наслика, а вие кажете ги карактеристиките на тие годишни времиња;
  • Направете со детето со синџир од различни сирови тестенини, битно е детето да брои гласно. На овој начин детето учи да брои и ја развива моториката;
  • Додека заедно шетате нека ви ги кажува броевите од регистарските таблички на автомобилите;
  • На буква на буква, е игра која е корисна за проширување на речникот на детето;
  • Нека детето најде збор кој се римува со зборот кој сте го кажале гласно и обратно.

Што треба детето да знае пред да појде на училиште

  • Неговото име и презиме;
  • Адресата на живеење;
  • Бројот на телефон на членовите на семејството;
  • Именување на бои;
  • Броење до десет;
  • Поздравување со лица нему познати.

 

Најважно : Дајте му на знаење на детето, дека вашата љубов кон него, не зависи од неговиот успех на училиште !

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *