Пирамида на здрава исхрана

Ви ги преставуваме шесте различни категории на намирници од кои се состои пирамидата на здрава исхрана и која би требало да бидат застапени во секојдневната исхрана.

Умереноста и рамнотежата се круцијални за квалитет на организмот и линијата,а разноликата и здрава исхрана е таа што помага во тоа.

Физичка активност

Секојдневната физичка активност од 30 минути е повеќе од потребна за зачувување на здравиот дух и јакнењето на имунолошкиот систем. Тоа значи дека треба да шетате, избегнувајте го лифтот, занимавајте се со некој спорт, возете велосипед, а доколку временските прилики не ви го дозволуваат тоа едноставно запишете се на аеробик или на некоја друга спортска активност од ваков тип.

Житарки

Во оваа категорија спаѓаат намирници како што се лебот од житарки со цело зрно, тестенини, ориз и сл.  Житарките  е дозволено да се консумираат дури шест до единаесет пати во денот.

Зеленчук

Добро е да се консумира две до три порции, свежи или обарени. Изворот на енергија се смета дека највеќе го даваат  пченката или компирот како и темно зелениот зеленчук како и морковот.

Овошје

Дневно се препорачува две до три порции на овошје кое би требало да биде различно. Овошјето како јаболкото, сливата, портокалот или цитронот ги задоволуваат количините кои стручните лица го препорачуваат.

Месо

Консумирањето на месото со низок степен на маснотии се препорачува во количина до две порции. Обратете внимание во исхраната да се најдат намирници кои содржат висок степен на омега 3 масни киселини како што е на пример рибата ( лососот, харингата или пастрмката).

Млечни производи

Квалитетен извор на калциум кој ни е потребен секојдневно за раст, развој и одржување на коскената маса. Треба да се консумира  млеко и млечни производи со понизок степен на масти.

Слатки работи

Грицки и слатки работи се еден од најголемите непријатели на линијата, затоа се наоѓаат на самиот врв на пирамидата, тие се најризични за дебелеењето. Нивното внесување во организмот најстрого ограничете го.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *