Не сте среќни, Oprah Winfrey ве советува како да го сторите тоа

Доколку имате цел и сакате да ја остварите, тоа значи дека ќе мора многу работи да жртвувате и да се пуштите во непознатото. Понекогаш, успехот не произлегува од новите нешта, туку од елиминирањето на некои стари нешта.

 Опра Винфри го вели следново:

“Една од најтешките нешта во животот е да научите кои мостови треба да ги преминете, а кои да ги срушите“.

Ако не сте успешни колку би сакале, ако не сте среќни колку што би сакале, наместо да „барате нови мостови“, размислете ја опцијата да ги „срушите старите“. Како овие:

Се грижите за тоа што другите луѓе мислат за вас

Кога и да пробате нешто ново, кога и да пробате нешто од  што луѓето се плашат да го направат, тие ќе зборуваат за вас. И тоа не е убаво. Единствен начин да ги спречите луѓето да ве осудуваат или критикуваат е да го правите она што сите луѓе го прават.

Но, тоа значи дека ќе бидете успешни само онолку колку што се и тие  успешни.

 Наместо да се грижите за тоа што другите ќе речат, бидете среќни дека зборуваат за вас. Тоа значи дека вие сте на прав пат. На вашиот пат.

Се грижите за она што го имате, наместо за тоа што го правите

Психолозите тоа го нарекуваат „хедонистичка адаптација“.  Го знаете ли она WOW ! чувство кое го имате кога ќе купите нешто ново? Тоа исчезнува многу брзо. Истото чувство е и кога ќе купите нова куќа, нов автомобил, нов мебел или нова гардероба. Што значи дека морате да купувате уште, за да го почувствувате повторно оној WOW ефект, што понатаму имплицира дека никогаш нема да бидете задоволни со она што го имате.

Долготрајното чувство на задоволство доаѓа од “делувањата“, не од „поседувањата“. За да се чувствувате добро во својата кожа и на кратки и на долги патеки, помогнете на некого. Не мора тој да биде сиромашен.

Можете да помогнете на своите вработени да ги развијат своите вештини за да успеат во кариерата. Можете да помогнете на пријател кој се мачи за да ја достигне својата цел. Знаејќи дека сте дел од некоја промена во нечиј живот, тоj WOW ефект се задржува баш долго.

Успехот е процес. Среќата е процес

Со оглед на тоа дека темел на секој процес е делувањето, а не мислата, престанете да ја барате големата идеја и работете на остварувањето на малите идеи.

Се грижите околу тоа се да биде совршено

Природно е да се плашите да го „завршите“, проектот. Кога сте готови, идејата или планот, производот или услугата треба или да плива или да потоне. А последно што сакаме е нашиот труд да потоне.

Но,идеите, плановите, производите, услугите никогаш нема да „запловат“ доколку не ги завршиме и не ги „лансираме“ Дајте се од себе и запловете. Ако еден брод не е добар, можете да го поправите. Ако и понатаму не плови, можете да се обидете со нешто друго и научете нешто од вашите грешки и искуства.

Се грижите за тоа дали сте среќни

Обидете се вака:  затворете ги очите и замислете дека некој ви го одзема се она што во моментот го имате – семејството, работата, фирмата, куќата, СЕ!

Што понатаму се случува? Разбирате дека сте имале толку многу, што е многу поважно од она што во моментот го немате. Разбирате колку сте безгрижни, успешни и среќни во моментот. Сега отворете ги очите.

Буквално и уште поважно, фигуративно.

Можеби можете да бидете и среќни, но ако размислите околу тоа, животот веќе е доволно добар.

Секоја вечер пред спиење помислете на се она што го имате. Направете го тоа и немојте да се грижите за тоа дали сте среќни или не. Затоа што знаете дека сте.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *