Не се тешите, овие нешта не се нормални во една врска

Овие нешта не смееш да ги оправдаш затоа што не се нормални за една врска.

Љубовта понекогаш е слепа, а често и не заслепува кон некои нешта кои не треба да ги прифаќаме како нормални. Ова се неколку работи кои никогаш не смееш да ги оправдаш бидејќи не се нормални.

НЕ СЕ РАДУВАШ КОГА ЌЕ ТЕ ПОВИКА

Кога ќе заѕвони телефонот, на екранот го гледате лицето со кое сте во врска, а на вашето лице нема насмевка … тогаш нешто не е во ред.

СЕКОГАШ ГИ СТАВАШ НЕГОВИТЕ ПОТРЕБИ ПРЕД ТВОИТЕ

Во нормална врска однсот би требало да биде 50 : 50. Доколку постојано размислуваш што тој би сакал, а себе се ставаш на второ место и тоа тој мирно го прифаќа, не си во врска која е добра за тебе.

СИТЕ НЕГОВИ ВЕТУВАЊА БРЗО ИСЧЕЗНУВААТ

Ако постојано ветува некои работи, а тие никогаш не се случуваат тоа е знак дека сака само да манипулира со вас и ништо повеќе.

ПОСТОЈАНО НАОЃАШ ОПРАВДУВАЊЕ ЗА НЕГОВОТО ОДНЕСУВАЊЕ

Некои нешта можат да се оправдаат, но за некои нужно е да се повлече линија. Ако за секое негово однесување бараш оправдување и често се обвинуваш себе, не си во здрава врска бидејќи тоа не е нормално.

САМОДОВЕРБАТА ТИ Е ВО ПОСТОЈАН ПАД

Добра врска не прави полни со самодоверба, а ако твојата е во постојан пад, многу веројатно е дека тоа се случува поради тоа што прифаќаш нешта кои никако не би смеела.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *