Некои работи не можеш да ги смениш во животот, ПРИФАТИ ГО ТОА – тоа е и патот до среќата

Научи со време да ги препознаеш работите кои не се под твоја контрола, така ќе ги избегнеш многубројните разочарувања во животот, многубројните лажни надежи кои всушност не се надежи туку заблуди, кои веднаш требало да ти бидат јасни.

ПРАФАТИ ГИ така работите кои не можеш да ги смениш, тоа е тајната на среќата во животот.

Треба да се научиме да се носиме со нештата кои не се под наша контрола, а нив ги има секаде каде и да се свртиш, научи да одиш напред и тогаш кога ти се чини дека натаму нема пат, научи да не размислуваш за минатото и тогаш кога е толку силна.

Треба време да се носиш со реалноста, треба да дојдеш до болните точки во себе и да прејдеш преку нив. Да ги игнорираш НЕМОЈ, препознај ги и избори се со нив.

Кога ќе научиш да се носиш со работите кои не можеш да ги смениш, ќе видиш како секој ден може да биде убав, ќе го откриеш убавиот свет и ќе се запрашаш зошто толку негативност си собрал во себе.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *