Најдобар пријател: Личност пред која паѓаат сите маски

Колку и да сте успешни или среќно заљубени, сето тоа нема баш некоја целосна смисла, ако немате близок пријател, кој ќе биде подеднакво среќен за вас.

Важно е да имате некој кој постојано ќе ве теши и поддржува. Најдобриот пријател е драгоценост која на секоја животна етапа ѝ дава посебна смисла.

Во што се разликуваат најдобрите пријатели од сите други добри пријатели?

Тоа пред сè е личност која ќе ве разбере, ако никој друг не успее во тоа. Тоа што вашето пријателство го издвојува од сите останати е тоа што помеѓу вас никогаш нема сомнежи. Бесконечната доверба е тоа што ве врзува за најдобрите пријатели.

Можеби звучи чудно, но всушност вашиот најдобар пријател е личноста со која сте најинтимни. Не можете на партнерот да му кажете буквално сè, а исто така и на вашите родители, без барем малку да ја „украсите“ приказната, додека на најдобриот пријател секогаш му ја кажувате голата вистина, со целосна сигурност дека не постои шанса во еден момент да ве осуди.

Тие ве виделе во совршено, но и во најлошо издание. Ве спречиле да направите глупост и ве мотивирале да продолжите понатаму. Никој друг немал сили да ве охрабри да продолжите понатаму кога сте се откажале од борбата за себе, затоа никогаш немојте да ја запоставите личноста која до таа мера ви е предадена.

Нема да ви се случи со личноста со која сте најблиски да престанете да зборувате. Едноставно, кога вашето пријателство ќе се претвори во она вистинското, кое трае засекогаш, вашиот пријател ќе постои поради вас, како и вие поради него и не постои начин таа емоција да се раскине.

Овие луѓе ги сретнувате случајно, а во еден момент тие стануваат ваше семејство. Не заборавајте да им дадете на значење и да ги потсетите колку ви значат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *