Мушмула -народната медицина вели јадете го ова овошје многу е здраво!

Мушмулите се сезонско овошје и во овој период од годината го имате секаде околу вас.

Искористете ја таа прилика, консумирајте го тоа го тврди народната медицина а и многу често тоа можете да го чуете и од нашите постари.

Мушмулата е тврда, треба да ја оставите неколку седмици добро да созреат и омекнат. Останатите делови исто така се многу корисни како што се неговиот цвет и лист кои се берат на пролет а се сушат природно, оставено на воздух.

Од мушмулата можете да направите ликер, мармалад и ракија, а познавачите на народната медицина тврдат дека ова овошје може да го подобри видот, да ја зајакнат работата на бубрезите и црниот дроб. Тие можат да помогнат при дијареја, вртоглавица, импотенција па дури и при инфекција на усната празнина.

Тие содржат многу лековити својства, витамин Ц, танин, смола, пектин, винска, јаболкова и лимонска киселина.

Семките од ова растение исто така се многу здрави, тие од кога ќе се потопат во вода и додека не набабрат ослободуваат лековити својства, а водата може да се користи како облога кај кожните болести.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *