Малиот Џеси (7) напишал писмо до починатиот татко, го замолил поштарот да го испрати до рајот, стигна и одговор

Седумгодишниот Џеси Хајдмен, посакал да испрати писмо до починатиот татко, а за да биде сигурен дека писмото ќе стигне на правото место имал чудна молба до вработените во поштата.

Џеси живее со мајка му и сестра му во Блекбурн, напишал писмо до својот татко кој починал во сообраќајна несреќа, на позадината на ковертот напишал кратка молба која сите вработени во поштата многу ги допрела.

Драг поштару, ве молам доставете го ова писмо до мојот татко во рајот, – нашил Џеси.

Кога пристигнало писмото во Британската кралска пошта тие ја приметиле пораката по што се одлучиле да му соопштат на малиот Џеси дека успеале да го испорачаат писмото на бараното место.

Шон Милиган од Кралската пошта, се обратил на детето со писмо, а за неговиот гест социјалните мрежи сеуште не стивнуваат, по реакцијата на мајката на малото дете, Тери.

Одговорот до Џеси од поштата гласело:

-„Драг Џеси, сакаме да ти јавиме дека твоето писмо успешно стигнало во рајот. Беше малку тешко за да се избегнат сите ѕвезди и останатите небески тела, но успеавме и твојот татко го доби писмо. Ќе продолжиме и понатаму успешно да ги доставуваме писмата во рајот“.

Мајката на малиот Џеси кажува дека тој е пресреќен, како и дека постојано повторува дека татко му конечно го добил неговото писмо.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *