Магичната калинка

Калинката велат дека  потекнува од територијата на Персија, денес се одгледува низ целиот свет. Иако успева и кај нас, во јужните делови на нашата земја,  сеуште ретко помислуваме на неа и недоволно е присутна на нашата трпеза.

ЗОШТО ДА ЈАДЕМЕ КАЛИНКА?

Плодот има исклучително ниски вредности на заситени масти, холестерол и натриум од една страна, и висок процент на растителни влакна од друга страна.

Од витамините се истакнуваат големите количини на фолна киселина, витамин Ц и витамин К.

Од минералите како најзастапени ќе ги споменеме железото, калциумот, бакарот, калиумот и фосфорот.

Бројни истражувања покажуваат дека таа има повисоки нивоа на антиоксиданси од црвеното вино, сокот од грозје и зелениот чај.

КАЛИНКАТА И ЗДРАВСТВЕНИТЕ ПИДОБИВКИ ОД НЕА

Едно истражување објавено во списанието “Clinical nutrition” во2004г. покажува дека калинката го намалува систолниот крвен притисок. Друго истражување објавено во “Journal of medicinal food” покажува дека плодот има моќ да го намали вкупниот холестерол. Консумирањето на калинка и сок од калинка има и многу други бенефити меѓу кои и:

  • Забавување на ширењето на ракот на дојка;
  • Забавување на процесот на атеросклероза и намалување на ризикот од појава на болести на срцето и крвните садови. Поедноставено – калинката е супер храна за срцето. Докажано е дека дневна доза на екстракт од калинка може да помогне во намалување на крвниот притисок и нивото на холестерол;
  • Забавување на растот на ракот на простата.Има корист за срцето и крвните садови, состојките на нарот го инхибираат растот на ракот на дојката, простатата, дебелото црево, леукемија и спречуваат промени кои го поттикнуваат растот на туморот;
  • Намалување на ризикот од појава на остеоартритис.

Освен што добро влијае на срцето и крвотокот,исто така го јакне и имунитетот и влијае на расположението. Калинката е богата со фитохемикалии кои го потикнуваат создавањето на сератонин,познат како хормон на среќата.

За да се подигне имунитетот и за превенција од здравствени нарушувања, експертите препорачуваат дневна доза од 2,5 децилитари свежо исцеден или квалитетно купен сок од капини.

КОЈА Е КОРИСТА ОД КОРАТА ОД КАЛИНКАТА?

По лупење на калинката, кората од оваа овошка немојте да ја фрлате. Тие се сушат по природен пат. Така исушената кора подоцна можете да ја искористете за правење на чај. Таквиот чај најчесто се користи да се сопре дијареја, посебно кај децата, на сосема, сосема природен начин.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *