Кој се 10те совети за долг живот, препорачува 105 годишниот јапонски договор

Може да се каже дека д-р Сигеаки Хинохара e заслужен  за долговечноста на Јапонците, бидејќи советите на овој јапонски лекар во голема мера придонесоа неговата нација да живее среќно и квалитетно.

Тој умрел на 18 јули 2017 година, на возраст од 105 години,а во наследството на целиот свет, оставил многу вредно знаење за тајната на долговечноста.

Сакате да ја доживеете стотата, во добра форма, здраво тело и здрав дух? Возможно е – тој тоа го покажа со неговиот пример!

Хинохара, помогна во воспоставувањето на медицински системи, благодарение на што Јапонците станаа еден од најдолговечните народи во светот. Речиси до смрта, д-р Хинохара работел во болница, лекувал пациенти и ги подучувал студентите на факултетите.

Ова се неговите 10 златни совети за постигнување на долг, здрав и квалитетен живот.

Енергијата доаѓа од тоа што се чувствуваме добро, а не од здрава исхрана и спиење

“Сите се сеќаваме дека како деца, во играта, често забораваме да јадеме или спиеме. Верувам дека можеме да го задржиме овој став и како возрасни – најдобро е да не го оптоваруваме телото со правила, како што е  ручекот и спиењето “, објаснува д-р Хинохар.

Пазете се од дебелината

Д-р Хинохара постојано нагласувал дека стотата ја доживуваат луѓе кои немаат вишок килограми, и затоа треба да се обрне внимание на тежина и физичка состојба.  Треба да се води сметка да не се прејадуваме за време на оброците. Тој за појадок пиел кафе, чаша млеко и сок од портокал со лажица маслиново масло. Тој верувал дека ова масло е одлично за крвта и кожата.

Планирајте однапред

Хинохара секогаш имаше целосен распоред за годината што следи, па дури и планира уште повеќе за во иднина. Тој бил многу среќен поради одржувањето на Олимписките игри во Токио во 2020 година, но за жал тој не ги доживеал. Неговиот став кон животот и плановите кажува колку е оптимист, што е исто така многу важна за долговечноста.

Не мора да се пензионирате ако не сакате

“По 65 години почнав да волонтирам. Ги учам и посетувам пациенти, дури 18 часа на ден, и уживам во секоја минута од мојата работа “, рече Хинохар. Ако некој сака да работи – нека го направи тоа. Ако не сака, тој ќе се пензионира и ќе се посвети на она што сака да го прваи.

Сподели знаење и вештини со другите

Хинохара годишно држел околу 150 предавања годишно. Тој ги учеше сите – од деца во училиште до сериозни претприемачи и лекари. Секогаш стоел додека зборувал, а предавањата траеле по 90 минути.

Не верувајте во сè што велат лекарот

Д-р Хинохара сметал дека лекарите не можат да ја излечат секоја болест и секој пациент. Тој често сугерирал кога докторот препишувал терапија или некое испитување, да  го прашаат дали тој ќе му го препорача истото на своите блиски. Доколку одговорот е негативен, зошто треба да бидете изложени на непотребно стрес? Тој верувал дека животните и музиката имале големо влијание во заздравувањето, многу поголемо од медицината.

Секогаш користете скали и сами носите го багажот

За да останете здрави и витални, заборавете на лифтот. Секогаш и секаде одите по скалите и обидете се да го носите багажот со себе. Хинохара целиот свој живот го поминал по скалите и секогаш прескокнал по еден. Скалите и одење се секојдневна вежба за срце и целото тело.

Надоградувајте се секој ден, најдете инспирација

Читајте, пронајдете делата кои ќе ве инспирираат. За него најинспиративната било песната на Roberta Brauninga – Abt Vogler.  Неговото правило е немора да сезадржуваме само на литература. Слушајте музика, уживајте во уметноста, шетајте по природа …

Болката е мистериозна

Нај ефикасен начин да се надмине болката е преку забава. Кога детето ќе удри, објасни Хинохара, ќе плаче додека неговото внимание не се привлече со  нешто друго. Така ќе заборави на болката. Така треба да прават и  возрасните.

Не трупајте материјални работи

“Не трошете го животот на материјални работи, бидејќи нема да земете ништо со себе кога ќе умрете”.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *