Кои се тајните на привлечните жени – неколку од нив, кои треба да ги поседувате

За да ве вбројуваат во групата привлечни жени, за да се издвоите од масата, освен што треба да зрачите со сигурност, интелигенција и посебен став, треба да сте опуштена, да освојувате  со погледот, движењата и држењето.

Покрај тоа една привлечна жена треба да ги поседува и следниве својства:

Привлечните жени не влегуваат бргу во интимни односи

Оваа жена е отпуштена и ужива во љубовта, но таа е трпелива и внимава со кого ќе се впушти во интимни односи. За нејзе физичкиот однос има превисока цена.

Сексот предизвикува лачење на окситоцин – „дрога“ на заљубеноста, а под нејзино влијание, партнерот може да изгледа како сродна душа, но таквата илузија често завршува со неуспех.

Посакуваните жени на средбите гледаат како можност за подобро запознавање. Додека одржуваат дистанца и објективност можат полесно и посигурно да ја проценат личноста кои само бараат добра  забава и ништо друго. Таквите жени не брзаат никаде и не допуштаат нечија нетрпеливост претставува притисок на нив.

Тие се страствени во се што работат

Дамата која зрачи со женственост не е зависна од својот партнер. Мажот нејзиниот живот го прави поубав, но тој не е се во нејзиниот живот. Привлечна жена е онаа жена која својот живот го исполнува со занимливи и вредни потфати, ги осмислува целите и ги достигнува, а често има и потполно одвоена кариера, хоби и банкарски сметки.

Тие се емотивно стабилни

Жените кои се одликуваат со женственост и сила во голема мера се стабилни и смирени и знаат да ја контролираат својата лутина. Посакуваните жени знаат среќата да ја пронајдат внатре во себе, наспроти надворешните фактори кои ја опкружуваат.

Тие го негуваат својот психички и духовен живот, ги одржуваат своите пријателства, вежбаат, се ослободуваат од стресот со различни техники и така со својот партнер можат да бидат топли, нежни, полни со разбирање и љубов. Ваквите жени знаат да ја најдат рамнотежата во својот живот и можат да имаат среќна и успешна врска.

Тие си ги знаат своите граници

Силните и привлечни жени не се плашат да зборуваат и слободно да ги изразат своите ставови. Тоа посебно се однесува на границите кои сакаат да ги постават во врската. Женствени и јаки, овој тип на жени не се захтевни и не бараат посебен третман. Тие едноставно очекуваат одредена доза на почитување и не се плашат да ги изразат своите потреби.

 Тие не прават ништо непромислено

Денеска жената се бори со бројни притисоци: што јаде за да биде слаба, кога е правото време за стапување во брак, кога треба да стане мајка … Меѓутоа, таквото брзање не само што смета на развојот и зацврстување на женственоста туку доведува и до погрешен избор и до тешки разводи. Привлечната жена е сигурна во себе и ги знае своите квалитети и целосно има контрола на својот живот и го следи својот љубовен живот од ден во ден. Доколку почувствува дека тоа не е искрено и вистинско партнерство ќе се одлучи на самотија, а со помош на женственоста таа самотија никогаш нема да трае предолго .

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *