Кое име за дете е најпопуларно во светот?

Доколку имате дилема кое име да го дадете на вашето бебе,  а тоа да биде убаво, модерно но и ширум светот прифатливо еве ви еден податок кое е тоа име!

Иако трендовите со имињата за децата постојано се менуваат, постои едно име кое е омилено за бебињата ширум светот.

Интернет страницата „ Baby name wizard“ направила занимлива анкета во која родителите ширум светот, дури од 49 држави, избирале омилени детски имиња.

На основа на добиените податоци, името СОФИ (Ј) А се наоѓа на прво место на омилено име за бебиња, а во 20 други земји е на второ место.

Освен што убаво звучи, родителите во главно го избираат ова име поради неговото значење.

Какво значење има името СОФИЈА?

Софија е женско име и има старогрчко потекло и значи мудрост, знаење, вештина.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *