Киселата зелка против холестеролот, карциномот и срцевите болести

Киселата зелка како и секоја ферментирана храна, дава бројни лековити својства и помага за целокупното здравје. Ова се некои работи кои можеби се уште не ги знаете за киселата зелка:

Го јакне имунитетот

Еден од најдобрите начини за да го зајакнете имунитетот е да внесувате доста витамин Ц кој киселата зелка го има на претек. Исто така го подржува колагенот и белите крвни клетки како и регенерација на ќелиите.

Ги намалува воспаленијата

Содржи голем а количина на антиоксиданси кои се анти воспалителни агенси, нивната консумација и спречува воспаленија и ги лечи воспалените делови од телото.

Ја подобрува енергијата

Киселата зелка содржи железо, со тоа ја зголемува енергијата и го подобрува метаболизмот и циркулацијата, ја спречува главоболката, анемијата и исцрпноста.

Ги јакне коските

Киселата зелка е богат со витамин Ц кој помага во создавањето на протеини кои ги регулира минерализацијата на коските со тоа ја спречува остеопорозата.

Зошто е добро да се пие сок од зелка

Ја подобрува кожата и видот

Високото ниво на витамин А во оваа намирница го одржува здравјето на кожата и го подобруваат видот, го намалуваат ризикот од катаракта и макуларна дегенерација, како и појавата на брчки и црвенило на кожата.

Спречува појава на карцином

Бројни студии покажале дека киселата зелка полн со антиоксиданси кои ја спречуваат штетата од страна на слободните радикали кои преставуваат главна причина за развој на канцерогени ќелии.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *