Како најдобро да го измиете овошјето и зеленчукот?

Доколку се плашите дека миењето на овошјето и зеленчукот само со вода, не е доволно да се отстранат нечистотиите и евентуалните пестициди, можете да се обидете намирниците да ги измиете со помош на растворот кој можете лесно сами да го направите.

Потребни ви се оцет, сок од лимон, вода и боца-спреј. Во 4 dl вода сипете 2 лажици бел (алкохолен) оцет и 2 лажици сок од лимон и потоа пресипете ја течноста во боцата.

Овој спреј е идеален за овошје и зеленчук кои имаат кора  како јаболкото, крушката, краставицата, пиперката, доматот итн.

Оцетот и лимонот имаат дезинфекционо дејство и помагаат да се отстрани восокот и преостанатите пестициди од кората. Испрскајте го овошјето и зеленчукот со растворот оставете го да постои неколку минути и потоа добро измијте ги.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *