Како да спремите добар хроно леб

Основата на здравиот појадок дефинитивно е добриот хроно леб.

Не  е лесно да го најдете, затоа еве совет како да го направите.

Едноставно се прави и доколку сакате можете да го чувате во фрижидер.

 

Хроно лебот не содржи квасец ниту адитиви.

 

Од што да направите хроно леб?

Овие видови на леб карактеристични се по тоа што се прават од поинакво брашно за разлика од обичниот, бел леб.

Под тоа се мисли на употреба на брашно од хељда, р’ж, пченично, интегрално и спелтино.

Можете да додадете и семки од тиква, лен и сусам.

Хроно лебот не содржи квасец па затоа нема да нарасне како во пекара, но затоа овој леб е превкусен и брзо ќе ве засити. Наместо квасец можете да ставите сода бикарбона или прашок за пециво.

Иако целта на хроно диетата е да се намали употребата на солта, тоа не е правило кај лебот. Морате да додадете сол бидејќи лебот нема да биде вкусен. Користете морска или хималајска.

Додека правите леб можете да мешате брашна.

Не е препорачливо да мешате повеќе од три бидејќи во тој случај лебот ќе биде премногу „тежок“. Што подолго го оставите лебот да постои толку повеќе тој ќе биде поубав, вкусен и  ќе има повеќе дупчиња на него.

Хроно диета – правила

 

Правилата на хроно диетата велат дека хроно лебот се јаде само за појадок. Наредните оброци се јадат без леб.

 

Со самото тоа што ќе го намалете внесувањето на лебот, а и тој кој го јадете е поздрав од белиот леб, многу ќе допринесе да ги изгубите масните наслаги.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *