Како да се справите со стресот

Стресот е најголемата причина зошто ни се случуваат негативните нешта врз нашето здравје.

Еден психолог одржа лекција на своите студенти лекција која треба да ја повторуваат често во својот живот.

„Секој ден се соочуваме со предизвици и препреки кои ни помагаат да растеме и кои не дефинираат. Но, кога стресот ќе се вовлече, тоа може да направи нештата да станат неистрпливи. Може да се парализираме и да не спречи да ги направиме некои работи кои мора да ги направиме“.

Тогаш сипа вода од бокалот во една чаша и ги запраша своите студенти: „Колку е тешка оваа чаша?“

Студентите даваа различни одговори:

„Два децилитри“, рече една студентка, а потоа се нижеа одговорите “Три децилитри, пет децилитри“.

Професорот на тоа одговори:

„Апсолутната тежина на оваа чаша не е воопшто битна. Таа зависи од тоа колку време ја држам. Ако ја држам една минута, ништо нема да се случи. Ако ја држам еден час, ќе почне да ме боли раката. Ако ја држам цел ден, мојата рака ќе започне да трне и ќе бидам парализиран. Тоа значи дека тежината на чашата не се сменила, но штом ја држам подолго, таа станува се потешка. Стресовите и грижите во животот се како оваа чаша со вода. Ако мислите за нив некое време, тогаш тоа не е проблем. Ако мислите за нив подолго време тогаш почнува да боли. Ако мислите на нив цел ден, ќе бидете парализирани и неспособни да направите било што друго. Запомнете: Спуштете ја чашата“.

Кои пет знаци на телото покажуваат дека сте под голем стрес

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *