Каде во телото ни се „собира“ стресот

Знаеме дека стресот има огромно влијание врз нашето здравје, а еве во кои делови од нашето тело нај веќе се „собира“.

Стручните профили веруваат дека долготрајната изложеност на стрес може да се манифестира со таложење на стресот во одредени делови на телото и поради тоа мислиме дека нешто не е во ред со нашето здравје, а причината е всушност психичка.

Вратот и рамениците

Стресот доведува до тензија и притисок во вратот и рамениците. Кога сме под стрес, несвесно ги подигаме рамениците и оваа положба создава грч во мускулите на вратот и рамениците, поради што подоцна чувствуваме болка во тие делови од телото.

Главата

Не е реткост луѓето имаат главоболки или мигрена поради стрес. Тоа е резултат на отпуштања на одредени хемикалии во телото кога сме под стрес. Тие хемикалии влијаат на нервите и крвните садови во мозокот, предизвикуваат главоболка.

Стомакот

Стомакот многу бргу реагираат на нашата ментална благосостојба. Стресот може да влијае не само на тоа колку добро работат цревата, туку и, како што тврдат научниците и на целиот стомак. Стресот исто така може да доведе до лачење на поголема количина на желудочна киселина поради што се јавуваат киселини.

Кожата

Кога во телото се ослободуваат хормони на стресот, нашата кожа станува многу чувствителна. Овие хормони исто така ги активираат жлездите на кожата која почнува да произведува повеќе маснотии, ги блокираат порите и резултираат со појава на акни, митисери и други кожни проблеми.

Срцето

Стресот кој го доживувате кога некој емотивно ќе ве повреди го зголемува крвниот притисок, а влијае и на срцето. И многу срцеви проблеми се поврзани со стресот. Долготрајната изложеност на стрес исто така може да го промени срцевиот ритам до таа мерка да преставува потенцијална опасност од срцев удар.

Како да се справите со стресот

Имуниот систем

Имунитетот помага на нашето тело да се избори со вирусите и бактериите. Кога сме под стрес во телото се ослободуваат хемикалии кои го потиснуваат имуниот систем, опаѓа нивото на лимфоцитите во крвта и телото станува помалку отпорно на болестите. Со други зборови, кога сме под стрес поголеми се шансите да се разболеме.

Помогнете на своето тело! Стресот е скоро невозможно да го избегнете, но затоа е битно да најдете начин да се опуштите и да се изборите против стресот. Во тоа може да ви помогне масажа, медитација, разни физички активности, но и читањето, слушањето музика или било што, што ве опушта…!

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *