Идеални зимски намирници за јакнење на имунитетот

Зимата е годишно време кога е многу важно да се храниме здраво и да внесуваме во нашето тело многу витамини и минерали. Најдобар начин да се направи ова е да се консумираат сезонските намирници, кои се богати со витамини.

Би било добро во студените денови, повеќе да консумирате:

МАНДАРИНИ

Мандарините се богати се со витамин Ц, поради тоа често се користи во зимскиот период против настинка и грип. Мандарината го забрзува метаболизмот и се сметаат за храна која има позитивен ефект врз губењето на килограмите.

ЈАБОЛКО

Јаболкото имаат големо влијае на имунолошкиот систем, во нивниот состав дури 82% е вода. Тоа е богато со влакна и затоа е одличен сојузник на забрзаниот метаболизам.

ПОРТОКАЛИ

Покрај витамин Ц и вода, портокалите се богати и со калциум, калиум и магнезиум.

Калциумот ги јакне коските, а калиумот нервниот систем и мускулното ткиво.

КАЛИНКА

Освен што добро влијае на срцето и крвотокот,исто така го јакне и имунитетот и влијае на расположението. Калинката е богата со фитохемикалии кои го потикнуваат создавањето на сератонин,познат како хормон на среќата.

ЗЕЛКА

Зелката е еден од омилени зимски зеленчуци кај луѓето. Зелката содржи речиси 50% од потребната дневна доза на витамин Ц. Таа има силни антиинфламаторни својства, поради што се консумира за време на ладните денови. Зелката има големо влијание во процесот на зајакнување на имунолошкиот систем.

СПАНАЌ

Познат е како еден од најголемите извори на калиум и железо. Спанаќот е полна со вода, поради што е диететска храна што е погодна за секој оброк.

ЦВЕКЛО

Уште многу одамна е познато дека е главен сојузник во лечењето на анемија. Имено, пигментот бетацијанин му ја дава на цвеклото интензивната црвена боја и му помага на хемоглобинот да пренесува кислород во клетките. Ова влијае на зголемување на енергијата на телото. Доколку се консумира редовно се прочистува црн дроб.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *