Зошто треба да купите тиква ВЕДНАШ!

Потеклото на тиквата не е јасно дефинирано: едни викаат дека е од Африка или Азија, други пак тврдат дека потекнува од Централна Америка, бидејќи во Мексико е пронајдено семе од тиква од 7 000 години пред нашата ера.

ПОЛНА Е СО ВИТАМИНИ

Тиквата има помала количина на белковини, јаглени хидрати и маснотии, но има витамин каротин или провитамини А,Ц,Е и К витамин од групата Б и тоа Б1, Б2 и Б6, потоа нацин, фолна киселина, калиум, фосфор, калцијум и железо. Месото од тиква има само 26 калории на 100 грама, семките имаат 4467 калории, а маслото од тиква има 879 калории на 100 грама и затоа се препорачува во посебните режими на исхрана.

СЕМКИ

Семето се користи за лечење на хипертрофирана простата, кога треба секојдневно свежо да се јаде. Маслото од семки содржи витамин А, Б1, Б2, Б6, Ц, Д, Е, К и минералите ( калцијум, магнезијум, калијум, цинк, како и доминантните минерални состојки). Содржи повеќе од 60 отсто несазитени масни киселини. Маслото од тиква е богато со омега 3 и омега 6 со есенцијални масни киселини, кои ја покачуваат енергијата,  го регулираат нивото на холестерол, го подобрува здравјето на репродуктивните органи и обезбедува убав изглед на кожата и подобра функција на централниот нервен систем.

Семките од тиква го убиваат канцерот, влијаат на сонот и го поправаат видот

СИЛЕН АНТИОКСИДАНС

Денеска се знае дека бетакаротинот, кој тиквата го има во изобилие има повеќе кратно заштитно делување. Го блокира дејството на слободни радикали и така директно го спречува оштетувањето на ќелиската ДНК структура и делува како силен антиоксидант. Дневна доза е од седум до десет милиграми. Превентивно се користи бидејќи го намалува ризикот од појава на рак на грлото и желудецот .

ИСХРАНА ЗА ДЕЦАТА

Тиквата содржи калиум, кој е неопходен за нормална работа на срцето, додека фосфорот и калциумот се клучни за составот на коските и забите. Со тоа, железото од тиквата поволно делува на крвната слика и штити од анемија.

СОВЕТ ПЛУС

Тиквата, најдобро е да се користи во свежа состојба во облик на сок или каша.

Тиквата треба да се вари на пареа бидејќи така не ги губи своите лековити својства.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *