Зошто луѓето се непристојни и груби?

„Начинот на кој луѓето се однесуваат спрема другите и директна рефлексија на нивните чувства спрема самите себе“ – Паоло Коељо

По природа сум среќна, оптимистична, идеалистичка  личност. Секогаш сум била онаа личност која гледала на светот од светлата страна и го барала доброто во другите луѓе. Моја вообичаена филозофија во животот е дека светот е полн со светлост, љубов и можности, пишува Avery Roegers.

Меѓутоа, неодамна мојата филозофија започна да се движи кон блага депресија. Започнав многу да плачам и да се повлекувам во себе. Друштвото и отворањето кон некого не ме интересираше, што поттикнуваше проблеми.

Се чувствував само, бедно и иако се трудев, не можев да го вратам она чувство дека светот е убав. Се чувствував како нешто да ми се вовлекло во мозокот и ми ги исклучило сите позитивни прекидачи и ги вклучило само оние негативните.  Се чувствував безнадежно, како да тоа не е повеќе болест туку чувство.

Пред депресијата бев љубезна, нежна и чувствителна личност.  Понекогаш дури и премногу, се плашев да не навредам некого на било кој начин и да не наштетам на односот.

Не разбрав зошто некои луѓе се груби, непристојни или навредливи спрема некои непознати лица или пријателите. Лично ги примав сите навреди и кога некој беше груб со мене, верувајќи дека навистина бие во право бидејќи нивното такво однесување сигурно било предизвикано со нешто што јас сум го направила.

Почнав да се однесував и јас непристојно и нељубезно. Ги критикував луѓето или уште почесто давав пасивно агресивни изговори за да се оддалечам од нив. Дури почнав и јас да ги вреѓам луѓето за да се заштитам.

Не донесов свесна одлука да бидам груба. Не се разбудив наутро и помислив : „Денес ќе повредам нечији чувства“. Тоа само се по себе се случуваше во моментот кога лошо се чувствував.

Поголемиот дел од луѓето кон кои бев груба всушност беа мои пријатели, луѓе кои ги сакав и против кои немав ништо против.

Кога некој е груб без причина, посебно кон некоја непозната личност, ретко се случува дека тој има нешто кон таа личност нешто лично. Луѓето  не се само по себе груби, ниту пак дека имаат нешто против вас, на тие луѓе тоа им е начин како да се носат со нештата.

Не можете да ги контролирате делата и однесувањето на другите, вие  можете да ги контролирате само вашите реакции кон нив. Ако сте вие тој кој што е груб, време е да размислите. Зошто ги напаѓате луѓето? Од што се обидувате да се заштитите?

Со доволно време и труд  ќе ја  најдете причината за вашето грубо однесување и неговата поврзаност со вашата сопствена лутина.

Кога еднаш ќе се поврзете со своите чувства, можете да почнете да носите свесни одлуки да бидете љубезни кон другите, наместо нападот да го користите како механизам кој ви помага да се носите со проблемите.

Најбитно нешто кое треба да се запомни, било дали доживувате грубост од други или вие сами предизвикувате непријателство, е дека сте добри и вредни за љубов, без оглед на тоа што вие си го велите или некој друг ви го вели на вам.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *