Донесете ја најбитната одлука за оваа година – Здравјето пред се!

Често пати нашите оправдувања се дека немаме време , поради големиот број на обврски дома и на работа, за вежби и целосно посветување на нашето здравје.

Точно е тоа дека сите тие обврски во текот на денот не тераат да заборавиме да размислуваме за она што е највредно за нас, а тоа е нашето здравје.

Ги прескокнуваме оброците, вежбите за телото и не оставаме воопшто време за себе, но тоа може лесно да се промени со донесување на прави одлуки и со усвојување на некои навики.

Едноставно речете ДЕНЕСКА  е правото време!

Еве неколку едноставни совети кои ќе ви помогнат во тоа!

  • Направете потсетник кој ќе ви јавува кога е време за шетање, чаша вода или одмор;
  • Еднаш неделно посетете ја продавницата со органски производи и припремете мени за цела недела. Информирајте се за сите здрави намирници за кои до денеска не сте ги користеле во кујната.
  • На работа се растегнувате на работната маса. Видете на Youtube вежби кои можете да ги правите на работното место;
  • Секогаш користете скали наместо лифт. Целта нека ви биде 1000 чекори дневно за да ги зачувате здравјето на срцето и мускулите;
  • Појадувајте здраво. Додајте свежо овошје и зеленчук или едноставно од здравите состојки припремете смути кое ќе ви ја даде потребната енергија за целиот ден;
  • Вежбајте го дишењето. Одвојте 10-тина минути во денот. Дишењето ќе ви помогне да ги разбистрите мислите и да се смирите доколку пред вас претстои стресен ден;
  • Доколку поминувате многу време во автомобилот, искористете го тоа време за пеење. Многу истражувања потврдиле дека оваа „активност“ е најдобра за отпуштања на хормоните на среќата;
  • Прегрнете некого, една прегратка може денот да ви го направи многу поубав, а со  тоа ќе се излачи хормонот на среќата кој го јакне пак имунитетот;
  • Гледајте комедии наместо трилери, насмевката ги опушта крвните садови што е многу добро за работата на вашето срце.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *