Денеска е светски ден на здравјето

Светски ден на здравјето — ден посветен на подигање на свеста за здравјето на луѓето ширум светот кој се одбележува на 7 април секоја година, под покровителство на Светската здравствена организација (СЗО).

Во 1948 г. СЗО го одржала своето I Здравствено собрание, на кое е решено 7 април секоја година да се одбележува како ден на здравјето, почнувајќи од 1950 г. Овој ден е датумот кога е основана СЗО и таа пригода се смета за прилика да се привлече меѓународно внимание на здравствените проблеми со кои се соочува светотСветската здравствена организација приредува меѓународни, регионални и месни натани со извесна тематика која е важна за таа година.

На денот земаат учество владите на државите и невладините организации што се занимаваат со здравствена проблематика (особено јавното здравје), приредувајќи настани и активности, јавните гласила.

Светскиот ден на здравјето е еден од осумте здравствени денови во годината на СЗО, заедно со Светски ден на борбата против туберкулоза, Светската недела на имунизацијата, Светскиот ден на борбата против маларијата, Светскиот ден на непушењето, Светскиот ден на крводарителите, Светскиот ден на борбата против хепатитот и Светскиот ден на борбата против СИДА.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *