И соло е cool

Да  бидеш “соло” е прашање на личен избор и период на транзиција, самосвест и созревање, што е неопходно за секој од нас. Едноставно, ова е време кога ние се наоѓаме во фокусот да научиме многу за себе, како и за многу важни животни лекции, на кои некако забораваме кога сме во врска.

Овие важни лекции ќе ги научиме само кога сме слободни и посветени на самите себе:

1. Партнер никогаш не е неопходен

Не постои ниту еден сегмент во животот, кој не можете да го управувате успешно ако немате партнер. Совршено сме способни да функционираме добро и кога сме сами. Ако сме амбициозни, ќе можеме да го знаеме решението за секој проблем.

2. Семејството и пријателите се исто толку важни колку и партнерите

Луѓето со долги врски , тие имаат тенденција да се фокусираат на својот партнер и да ги игнорираат важните личности  во својот живот, но додека сте “соло”, ќе го видите значењето на семејството и пријателите, ќе научите од вашите грешки, така што никогаш нема да ги занемарувате.

3. Љубовта кон самиот себе е предуслов за љубовта кон партнерот

Често, за време на врската, се губиме и забораваме колку е љубовта кон себе од суштинско значење за секој сегмент од нашиот живот. Иако за време на врската тоа  сме го заборавиле идеално време е додека сме „соло“ на тоа да се потсетиме.

4. Флертот има  своја магија

Флертот е здрав, за да се почувствуваме посакувано тој позитивно влијае  на нашата самодоверба. Кога сте слободни, во ред е да флертувате тој  ќе го нахрани вашето его и ќе ве натера да одите дома со насмевка.

5. Не мора да брзате да најдете партнер

Кога уживате во себе, посветете се на својата сопствена личност, а потоа, кога сте спремни да стапите во контакт, во вашиот живот ќе се појави баш онаа личност што сте ја чекале.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *