Дали со празниците се зголемува и потребата за секс

Голем број деца се раѓаат во септември, што значи најмногу деца се зачнати за време на празниците.

Како температурите паѓаат, луѓето природно е да се повлечат во своите домови и затоа повеќе размислуваат за секс.

Научниците заклучиле дека во поголемиот дел од христијанските држави во текот на Божиќ расте гуглањето на зборот секс а во Австралија во текот на летото. Онлајн интересот за сексот не значи дека луѓето пребаруваат порнографија.

-„Увидовме дека луѓето всушност ги интересира некакво знаење за сексот, како медицински термини, контрацепција и останато“ – рекоа научниците, па затоа рекоа дека тука ја гледаат поврзаноста со Baby Boom што се случува во месецот септември.

И социјалните мрежи имаа врска со ова

За сексот повеќе размислуваме во текот на празниците бидејќи на омилените социјални мрежи често се спомнуваат зборовите како што се среќа, заедништво, мир, сигурност …

Луѓето така се чувствуваат во тој период и тогаш се појавува желбата да засноваат семејства.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *