Дали социјалните мрежи се добри или лоши, дали треба да ги користиме?

Социјалните мрежи станаа дел од нас, тие не се веќе само средство за убивање на досадата  и слободното време.

Некои ги користат за зближување со истомислениците и пријателите, некои за информирање или забава, а има и онакви кој одат онлајн и таму ја креираат подобрата верзија од себе.

Дали социјалните мрежи навистина се така корисни или пак штетни и како влијаат на нас?

Експресија наспроти нарцисоидност

Линијата е тенка која ја дели сопствената експресија која може да доведе до зголемување на самодовербата од нарцисоидноста. Научниците на оваа тема се поделени: додека едните тврдат дека активностите на социјалните мрежи може да ја зголемат самодовербата, другите тврдат дека поединци многу лесно влегуваат во делот на искажување на сопствената нарцисоидност.

Луѓето сакаат да припаѓаат некаде, а на социјалните мрежи се склони да прикажат идеализирана слика за себе, за да се вклопат во саканата заедница и да го заработат туѓото одобрување. Сакаат да бидат креативни, начитани на сите да им докажат дека се наоѓаат на некое популарно место – СЕ за да бидат забележани. Една студија од Харвард покажала дека луѓето ги користат социјалните мрежи бидејќи таа активност стимулира еден дел од мозокот пријатно чувство исто како кога јадеме слатки, добиваме пари, одиме во шопинг и слично. Тоа води до заклучокот дека Facebook може да направи зависност и луѓето да сакаат да зборуваат за себе НОН СТОП затоа што тоа им годи.

Социјалните мрежи наспроти пасивноста

Социјалните мрежи повеќе пати покажале дека може да бидат силни двигатели на промени. Таков доказ беше Арапската пролет,каде социјалните мрежи несомнено одиграа голема улога. Голема предност е тоа што на социјалните мрежи помагаат да се експонираат проблемите и да се повика јавноста на делување односно акција. Меѓутоа, нечиј LIKE често станува замена за вистинско делување и добивање површно чувство дека сме направиле нешто корисно. Исто така социјалните мрежи преставуваат и издувен вентил кај луѓето, сте кажале што ве онерасположило, а притоа не сте дошле на директен начин со изворот на незадоволството.

Поврзаност наспроти врска

Многумина се на социјалните мрежи за да остварат познанства и да се поврзат со луѓе од ист или сличен интерес. Постојат и оние кои се склони на добивање на што поголем број на онлајн пријатели, меѓутоа на нас највеќе влијаат луѓето со кои навистина сме блиски во вистинскиот живот.

Социјалните мрежи се прекрасна платформа за пронаоѓање и поврзување со истомислениците, но вистинските пријателства и комуникација се одвиваат face to face интеракција. Социјалните мрежи, посебно Facebook, често создаваат пасивна поврзаност со луѓе кои веројатно никогаш не би сте ги повикале ако Facebook  повторно не ве поврзал.

Тука се и останатите познаници кои надвор нема да ги поздравите, бидејќи во живо не ги ни познавате, а на Facebook ќе им ставите Like  на нивните објави.

Луѓето од секогаш имале потреба за истакнување, а социјалните мрежи се само уште една платформа каде  таа потреба некои можат да ја задоволат.

Многу е битно да се биде свесен за причината за онлајн присутноста исто како и дека животот на социјалните мрежи не е место за искажување на некое друг твое лице, бидејќи во моментот штом се одлогирате, се враќате во реалноста.

Факт е дека тие ни го сменија и го менуваат начинот на комуницирање и однесување и затоа треба мудро и внимателно да ги користиме.

Заклучок: Социјалните мрежи не се ниту лоши ниту добри – тие се такви какви ние сами ќе ги направиме!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *