Дали во староста ќе бидете здрави, тоа зависи од овие три нешта

Научниците од Универзитетот Харвард веќе 80 години работат на една долгорочна студија за да утврдат кои фактори допринесуваат да бидеме здрави во староста. Овие се трите најбитни фактори:

ОДНОСИТЕ СО ПРИЈАТЕЛИТЕ И СЕМЕЈСТВОТО

Нивото на холестерол во крвта е една од причините кои укажуваат на здравствената состојба на човекот. Професорот по психологија и раководител на истражувањето, Роберт Валдингер, кажа дека нивото на меѓучовечките односи се многу подобар показател.

  • Осаменоста убива. Таа е еднакво моќна како и пушењето и алкохолизмот – вели Валдингер.

КВАЛИТЕТОТ НА ОДНОСОТ СО НАЈБЛИСКИТЕ

Не е битно колку пријатели имаме, туку какви ни се нашите односи и колку сме среќни со нив.

ОДНОСОТ ВО БРАКОТ

Доколку имате среќен брак, ќе бидете задоволни и психички поздрави. Луѓето кои живеат во несреќен брак, често се жалат на емоционална и физичка болка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *