Дали вашето учениче го однесовте на забар?

Пристигна и школската година. Се е спремно за почеток на школската година. Освен книгите, изборот на слободните активности треба да се посвети внимание и на еден друг дел околу малите членови во семејството кои тргна на училиште.

Освен вакцинацијата, како  пракса треба да се воспостави и посетата на педијатар, офталмолог и стоматолог. Да се провери здравјето на вашето дете, неговиот вид и неговите заби.

За да се одржат здравите заби во текот на целиот живот, потребно е редовно миење на забите, користење на забниот конец, редовни контроли кај вашиот стоматолог. Со заштитата на забите треба да се започне уште од мали нозе. Превентивата и едукацијата на децата од школска и претшколска возраст како и преземањето на сите мерки  за заштита на забите е многу важна. За убава и здрава насмевка потребно е на време да ги спречите денталните болести.

Затоа како родители имате обврска да го однесете вашето дете кај вашиот стоматолог да го прегледа вашето дете и да ја увиди моменталната состојба како и веднаш доколку е потребно да се интервенира.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *