Влегуваме во годината на свињата. Најголемите шанси за успех ќе имаат родените во овие години!

Според кинеската традиција влегуваме во периодот на свињата.

Што значи тоа, каква ќе биде годината што следи, што велат кинезите?

Како симбол, свињата најчесто се поврзува со напредок, среќа и добри можности и шанси за успех. Кинеската нова година во  ќе започне на 05.02.2019 година и ќе трае се до 24.01.2020 година.

Свињата е дванаесетти, односно последен знак од Кинескиот зодијак, а во текот  на своето владеење ни дава добри можности за добри и мудри вложувања, генерално подобрување на финансиите и успех во професионалниот домен на нашиот живот.

Со крајот на оваа година, се завршува голем циклус, па поради тоа многу е битно да се завршат сите стари обврски и да се направат нови планови за иднината, бидејќи по кинескиот хороскоп следната година ќе биде полна со среќа, љубов и оптимизам, додека успехот ќе се почувствува во сите сфери на животот.

Исто така годината на свињите ќе биде идеално време да се стави точка на сите врски, било дали тие се љубовни или пријателски кои ве исполнувале со негативна енергија и ви ја трошат сета ваша сила. Од сите нешта кои ве оптоваруваат треба да се ослободите, па така свежи и ревитализирани да ги остварите сите свои сништа во текот на 2019 година.

Како што е обичај во кинеската традиција, умереноста е од големо значење па не ви се препорачува претерување во консумација на храната. Секој ден барем малку бидете физички активни и занимавајте се со било каков спорт, бидејќи креативноста и тренирањето  се многу битни за вашето психичко и физичко здравје.

Година на свињата ќе биде посебно погодна за родените во: 1923, 1935, 1947, 1959, 1971, 1983, 1995 и 2007 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *