Ајвар – Дали е здрав или не?

Сезоната на зимници е во полн ек. Воздухот мириса на печени пиперки, што и дава посебна атмосфера на раната есен и потсетува на топлината на домот во студените зимски денови.

Нема домаќинство кое внимателно, секоја рана есен, не подготвува по неколку тегли од нашата омилена зимница – ајварот.

Колку ајварот е здрав за јадење?

Во својот состав ајварот најмногу има масти, по што следуваат јаглени хидрати и на крај протеини. За жал, не може да се пофали со витамини, минерали и некои корисни елементи.

Главна состојка му се пиперките кои се богати со витамин Ц, но тој во голема мера се губи при печењето и варењето. Добрата вест е што во ајварот се задржува витаминот А, кој се смета за активен анти оксиданс.

Неговата калориска вредност доста зависи од тоа како и од што се подготвува, дали е домашен или купен. Правиот домашен ајвар не би требало да содржи многу масло и ништо друго освен пиперки и евентуално модар и црвен патлиџан. Таквиот ајвар не е премногу калоричен.

– Домашен ајвар (100гр.) – 78 калории

– Индустриски ајвар (100гр.) – 80 калории

Сепак, мора да се внимава на количината леб и сирење што се јадат со него, затоа што токму во комбинација (која рака на срце е неодолива) лежи дебелеењето.

Состав на ајварот домашен ајвар  – купечки ајвар

– Јаглени хидрати – 4 гр. – јаглени хидрати – 11 гр.

– Масти – 6 гр. – масти – 4 гр.

– Протеини – 2 гр. – протеини – 1,5 гр.

Наведените вредности се просечни и во двата случаја се работи за мешан ајвар, што содржи и пиперки и патлиџани.

Разликата е најзабележителна кај јаглените хидрати, бидејќи домашниот ајвар содржи далеку помалку индустриски додатоци.

Генерално, ајварот не може да се сврсти во здрава храна и од него човековиот организам нема некоја голема корист, без оглед на тоа што е домашно приготвен специјалитет. Сепак не е ни штетен, па кој сака слободно може да си ужива во неговиот вкус.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *